Нови сознанија за парот од Нови Сад кој си ги отру децата па се самоуби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лав и Мартина, младите сопружници од Нови Сад во Србија кои држејќи се за рака скокнаа од 16-катница, а претходно си ги отруја синовите, поседувале египетски симболи и пораки од сатаната. Српски Информер тврди дека полициските инспектори во плакар во нивната куќа во Петроварадин нашле секташка литература, книги и тефтери во кои мажот најверојатно пишувал белешки.

Мажот Л.П.С(25) бил од Белград, а жената М.П.С.(23) од Бачки Петровац. Тие пет години немале контакт со нивните семејства и пријатели. Полицијата се сомнева дека секташките ракописи ги собирал мажот. Се смета дека сектата силно верувала во задгробен живот. Децата имале несекојдневни имиња – Арос и Ехос.

Младите сопружници на 1 март скокнаа од зграда, а нивните деца денеска беа пронајдени мртви и покриени со бел чаршаф во станот во куќата живееле во Петроварадин. Комшиите се во солзи поради прераната смрт на двајцата млади и нивните деца.

Познаник на мажот којс вири во метал-бендот „Никола Чубрило бенд“ вели дека Л.П.С.(25) се занимавал со музика, главно хеви-метал. Л.П.С. ги отпеал и вокалите за истиот бенд.

– Да, тој беше продуцент на мојот прв албум и колега од факултет. Се познававме, секако, многу добро ги познавам и неговите родители и сестра. Многу сум потресен – изјави претставникот на бендот.

Брачниот пар во петокот околу 22 часот влегол во зградата на булеварот Цар Лазар број 7 во Нови Сад, се качиле на последниот кат, ја скршиле стаклената врата и влегле на покривот, а потоа заедно скокнале во смрт.

Парот бил идентификуван врз основа на отпечатоци од прсти.

Share This Article