More

    Нови обвиненија против озлогласениот милијардер

    spot_img

    Откако повеќе од 420 жени го обвинија поранешниот сопственик на луксузната стоковна куќа „Хародс“ и египетски милијардер Мохамед Ал Фајед за силување или сексуален напад, сега се јавија уште десетина мажи кои поднесоа обвинувања за злоставување.

    Како што пренесува „Дејли мејл“, тие го обвинија поранешниот шеф за вознемирување, малтретирање и хомофобично злоставување. Некои од нив се вработени во „Хародс“, а некои работеле за други компании во рамките на неговата деловна империја, но сите признале дека поради мачните искуства со него страдале од ПТСН и траума.

    Со обвиненијата за силување и сексуална злоупотреба против Мохамед Ал Фајед се справува групата „Правда за преживеаните од Хародс“ (Justice for Harrods Survivors).

    „Неколку мажи сега се вклучени во судските постапки, иако видот на злоупотреба е различен. Многу од нив дадоа слични изјави дека биле малтретирани, понижувани и неправедно отпуштени или деградирани поради Фајед. Честопати морале да ја напуштат компанијата откако проговориле“, рекол информиран извор, пренесува „Дејли мејл“.

    Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, беше прогласен за сериски сексуален предатор во септември, а компанијата „Хародс“, сега во сопственост на Катар, е згрозена од обвинувањата и јавно им се извини на жртвите на злоупотреба поради однесувањето на Фајед и во моментот се занимава со повеќе од 250 луѓе кои се во процесот на подмирување на бараат отштета поради наводното сексуалното злоставување на Ал Фајед.

    Мохамед Ал-Фајед, поранешен сопственик на „Хародс“. Фото: EPA/ANDY RAIN

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img