More

    Нови научни сознанија за опасната болест

    spot_img

    Се сеќавате ли на морничавите медицински грешки во мрачното доба на медицината?

    Како талидомидните деца или, пак, третманите со радиум?

    Талидомидот е воведен како лек за рак во доцните 1950-ти. Поради консумирање на само едно апче за време на бременоста, илјадници деца низ светот се родиле со деформитети. Во 1961 година лекот е повлечен од пазарот.

    Третманите со радиум биле нормална пракса во 1920-те, додека не се откриле штетните здравствени последици од радијацијата, но на сметка на тоа, илјадници настрадале.

    Има многу такви пракси во аналите на историјата, како лоботомијата која вклучува отстранување на дел од мозокот за лекување психолошки растројства.

    Внесувањето хормон за раст од хипофизната жлезда на мртовци е друга пракса стара децении, која можеби е поврзана со „пренесувањето“ на Алцхајмеровата болест.

    Пет лица како деца во 1980-те примиле инјекции со хормон за раст произведен од хипофизната жлезда на мртовци. Сега се разболеле Алцхајмерова болест многу порано од вообичаено, на возраст од 38 години до 55 години.

    Терапијата со хормон за раст од мртовци се забранила, бидејќи лекот со хормонот за раст бил контаминиран од приони кои се „заразни“ протеини во мозокот. Тие предизвикале Кројцфелд-Јакобова болест, фатално дегенаративно заболување. Снимките на луѓето третирани со хормонот за раст покажале и присуство на бета-амилоидни протеини кои се едни од причинителите на Алцхајмерова болест. Постои претпоставка дека веројатно тие се причинителите за раната појава на Алцхајмеровата болест кај петте лица.

    Но, не се подготвувајте за новата епидемија!

    Не станува збор за зомби апокалипса на Алцхајмеровата болест. Истражувачите се јасни: овие појави се ретки и воопшто не се преносливи. Станува збор за редок случај поврзан со специфична застарена медицинска пракса.

    Но, ова е страшен потсетник за духот на поранешните медицински третмани и интересен увид во комплексниот свет на истражувањето на Алцхајмеровата болест. Причините за Алцхајмерова болест сѐ уште се предмет на многубројни научни истражувања. Ваквите појави можат да придонесат кон значајни откритија за Алцхајмеровата болест и улогата на бета-амилоидните протеини во појавата на истата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img