More

    Нови моменти во истрагата за грозоморното убиство во Грција

    spot_img

    Истрагата за грозоморното убиство на 27-годишна девојка од Полска на грчкиот остров Кос открива нови моменти кои уште повеќе го закомпликува целиот случај. Грчката полиција го повикала на разговор и Михаило (28), момчето на убиената  Анастасија Рубинска (27), девојката од Полска која беше пронајдена искасапена на грчкиот остров Кос. Тој станал сомнителен откако полицијата го анализирала мобилниот телефон од жртвата, објави грчкиот весник Прототема.

    – Анализата на телефонот откри голем број сомнителни работи. Анастасија во 20 часот и 40 минути отишла во неговиот стан со главниот осомничен 32-годишен маж од Бангладеш, од каде што час и половина подоцна му се јавила на своето момче. Таа му кажала на Михаил дека мисли дека е во опасност и дека мора веднаш да дојде да ја земе – наведуваат детективите.

    фото: принтскрин Фејсбук

     

    Тие додаваат дека им било особено сомнително тоа што Михаил не тргнал веднаш по девојката, иако таа му кажала во кој дел на Кос се наоѓа.

    – Момчето ќе мора да одговори на многу прашања. Крајно е чудно што не отишол веднаш да и помогне на девојката иако таа барала негова помош. Иако приведениот од Бангладеш е последниот кој ја видел Анастасија жива, Михаил бил последен што разговарал со неа – истакнуваат извори упатени во истрагата.

    На таа трага, детективите се сомневаат и во можноста главниот осомничен од Бангладеш да имал соучесник.

    Инаку, таткото на убиената Анастасија во исповед за полските медиуми изјави дека неговата ќерка пред убиството била киднапирана, силувана и дрогирана. Тој тврди дека неговата ќерка била добра девојка која верувала дека целиот свет е таков и дека поради тоа често постапувала непромислено.

    – Анастасија беше убава девојка. Мислев дека ја однеле во некој бордел, но кога слушнав дека уапсениот 32-годишник од Бангладеш рекол дека ја оставил сама откако имале сексуални односи, знаев дека приказната не оди на добро – изјави таткото на убиената девојка во интервју за полски „Онет“.

    Тој верува дека Анастасија била жртва на измама што имала трагични последици.

    -Можеби момците со кои пушела хашиш и ставиле нешто во пијалокот. Кога му се јавила на дечкото и рекла дека ќе ја донесат дома, но ја однеле на друго место, најверојатно на празно место каде што била силувана – вели Рубински и додава дека полицијата не реагирала кога момчето на Анастасија пријавило исчезнување.

    Прегледот на снимките од безбедносните камери идентификуваше маж од Бангладеш кој беше виден како се вози со Анастасија на мотор.

    – Михал беше вклучен во потрагата од почетокот, беше во контакт со грчката полиција – рече Андреј.

    Во меѓувреме пристигнаа и резултатите од обдукцијата кои покажаа дека смртта на Анастасија била насилна. Според форензичкиот извештај, кој е проследен до истражните органи, смртта била предизвикана од гушење, пишува Прототема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img