Здружението АРНО ги додели наградите за младите социјални претприемачи од проектот RISE. Жири комисијата за победници ги прогласи Биохајд – тим кој ќе се занимава со производство на био кожа од чајот комбуха и Целилишус – тим кој ќе произведува безглутенски печива и ќе им помага на лицата со целијакија.
Преку RISE програмата тимовите се наградени со паричен износ од 3000 евра и понатамошно неформално образование, менторство и регионално вмрежување.
Во рамки на ова издание доделена беше и специјална награда за трет тим – Комбо (уметнички еко-колектив) за регионална мобилност, во вредност од 500 евра. Настанот се одржа во Фондот за иновации и технолошки развој, со учество на публика и јавни презентации.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.