More

    Нови гафови на Бајден на самитот на НАТО

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден не запира да реди гафови. Вчера на самитот на НАТО во Вашингтон. по грешка го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски  „претседател Путин“, па се поправи.

    – И сега сакам да му го предадам на претседателот на Украина, кој има храброст колку што има одлучност. Дами и господа, претседателе Путин“, рече Бајден, мислејќи на Зеленски, а потоа се поправи.

    – Ќе го победам претседателот Путин.

    Присутните во салата на самитот воздивнаа кога Бајден погрешно го претстави Зеленски како Путин, а реакцијата на Володимир Зеленски која кажува се.

     

     

    По гафот со Зеленски, американскиот претседател Џо Бајден погрешно ја идентификуваше потпретседателката Камала Харис како поранешен претседател Доналд Трамп за време на неговата прес-конференција вчдера како дел од самитот на НАТО.

    – Видете, јас немаше да ја изберам потпретседателката Трамп за потпретседател ако таа не беше квалификувана да биде претседател. Затоа, да почнеме од таму“ – рече Бајден за време на неговата прес-конференција.

     

    Потоа ја истакна кариерата на Харис како сенатор и обвинител пред таа да стане потпретседател, одговарајќи на новинарско прашање. Тој, исто така, истакна дека таа направила добро во застапувањето за репродуктивните слободи на жените во изминатите четири години.

    -Таа е квалификувана да биде претседател . Затоа ја избрав неа – рече Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img