На редакцискиот мејл на белградскиот портал Блиц денеска пристигнало известување дека на 12 локации ширум Белград се поставени над 50 бомби.
„Во студентскиот дом на булевар Краљ Александар се поставени 9 бомби, една во Амбасадата на Белорусија, 17 бомби се поставени во трговскиот центар Ушче на булевар Михајло Пупин, две бомби во КФЦ, 9 на аеродромот Никола Тесла (4 на паркингот под цивилни автомобили), 6 бомби се поставени во трговскиот центар Делта Сити на улица Јуриј Гагарин, една бомба на Филозовскиот факултет на вториот кат, 4 бомби во зградата на ректорот, две на Уметничкиот универзитет, 3 во земунската болница, една бомба во обложувалница Меридианбет на улица Ганди, две во обложувалницата Меридианбет на улица Народни Херои“, наведено било во пораката.
Во мејлот упатени биле и закани:
„Ќе има крв до лактите. И понатаму сте путинов тројански коњ во Европа“, напишале заканувачите во мејлот испратен до редакцијата на белградски Блиц.