More

    Нови дестинации на Ер Србија од мај

    spot_img

    Компанијата „Ер Србија“ денеска соопшти дека во мај следната година ќе воведе директни летови до Хамбург, Гетеборг, Келн и Марсеј.

    Како што е наведено, српската национална авиокомпанија ќе лета до нови дестинации во Германија и Шведска три пати неделно, додека меѓу Белград и Марсеј ќе лета двапати неделно.

    Летовите ќе се вршат со авиони Ербас А319. Авио билетите се веќе пуштени во продажба, по цена од 49 евра по правец во економска класа за Келн, Хамбург и Гетеборг или од 69 евра за Марсеј.

    Ер Србија ќе почне да лета за Хамбург, вториот по големина град во Германија, од 15 мај 2023 година секој понеделник, среда и петок.

    Од 18 мај 2023 година, секој понеделник, четврток и недела, српската национална авиокомпанија ќе лета за Гетеборг.

    Секој вторник, четврток и сабота од 18 мај 2023 година, Ер Србија ќе лета од Белград до Келн, а од 20 мај следната година секој вторник и сабота до Марсеј.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img