Нови 770 случаи на ковид -19 се евидентирани во изминатото деноноќие од направени 2.043 тестови. Починати се две лица од кои едното на 23-годишна возраст од Свети Николе. Бројот на активни случаи во моментот е 3.121.
Најголем број од новите случаи се во Скопје – 364 по што следуваат Битола со 47, Охрид со 46, Куманово и Кавадарци по 38, Тетово 30, Прилеп и Велес по 26, Неготино 17, Струмица 16, Штип 15, Кочани и Струга по 14, Ресен 13, Гостивар 12 и Гевгелија 10.
Едноцифрен број на новозаболени има во Крива Паланка 7, Радовиш и Кратово по 5, Дебар и Крушево по 4, Свети Николе и Валандово по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица по 2 и по еден новозаболен има во Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.
Од вкупниот број нови случаи, 207 се реинфекции.
Двете починати лица во изминатите 24 часа се починати во болнички услови, а во Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид -19 од Мој термин регистрирани се уште две починати лица и тоа едното од Радовиш (73г), а другото од Крива Паланка (66г). Едното лице е починато во болнички, а другото во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во периодот од 20 до 28 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во државата од почетокот на епидемијата е 319.806. Бројот на оздравени пациенти е 307.342, а на починати 9.343.