More

    Новата премиерка Трас вети нови болници, патишта, училишта

    spot_img

    Новоизбраната британска премиерка Лиз Трaс, во својот прв официјален говор по преземањето на премиерската функција, вети дека ќе го изведе Обединетото Кралство од бурата и најави дека нејзините три приоритети ќе бидат економијата, енергетската криза и јавното здравје, пренесоа светските агенции.

    Трас се обрати од пред Даунинг стрит 10 по враќањето од Шкотска, каде што беше официјално назначена на функцијата од страна на британската кралица Елизабета Втора.

    Трас вети раст на економијата и давање приоритет на производите произведени во Обединетото Кралство, но призна дека земјата се соочува со предизвици произлезени од пандемијата на ковид и војната во Украина.

    Велика Британија ја доживува најголемата ценовна криза во последните децении. Инфлацијата е над 10 проценти, а цените на енергенсите растат и за бизнисите и за домаќинствата.

    – Прво ќе ја натерам Британија повторно да работи. Имам храбар план за економски раст преку даночни намалувања и реформи. Ќе ги намалам даноците за да ја наградам напорната работа и да го поттикнам растот и инвестициите предводени од бизнисот. Ќе испорачам реформи за мојата мисија да постигнам Обединетото Кралство повторно да работи, да гради и повторно да расте – рече Трас.

    Таа увери дека ќе ги вложи сите можни напори за да се осигура дека луѓето не мора да плаќаат сметки за енергија што не можат да си ги дозволат. Трас, исто така, вети дека ќе изгради болници, патишта, училишта и широкопојасен интернет пристап.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img