Американскиот претседател Џо Бајден на шега им порача на своите колеги дека клучот за долг и среќен брак е „добрата интимна врска“, за што, меѓу другото, се зборува и во новата книга за американските први дами.
„Жената на Америка: Трансформацијата на модерната прва дама, од Хилари Клинтон до Џил Бајден“, е книга на дописничката на Њујорк Тајмс од Белата куќа, Кети Роџерс, која излегува оваа недела.
Делот за интимноста е само неколку параграфи во книгата од 276 страници, но веќе ги поттикна медиумите да ја „нацртаат“ на насловните страници.
Роџерс пишува дека Бајден одлучил да не се кандидира за претседател во 2004 година, а одлуката им ја соопштил на соработниците откако Џил Бајден влегла во собата со кроп топ со пораката „НЕ“ на нејзиниот стомак.
Бајден, кој сега има 81 година, им кажа на група поддржувачи во тоа време дека не е премногу заинтересиран да се кандидира за претседател. „Попрво би останал дома и да водам љубов со жена ми додека моите деца спијат“, рече тој.
Неговиот претставник само го отфрли коментарот на својот шеф, откривајќи дека тогашниот сенатор Бајден бил „искрено и целосно вљубен во својата сопруга“, пишува Роџерс во својата книга.
Во книгата се зборува и за страдањата низ кои поминал сегашниот американски претседател кога неговата прва сопруга Неилија и ќерката Наоми загинале во сообраќајна несреќа во 1972 година.
Тој се оженил со Џил во 1977 година, но Роџерс пишува дека морал да ја запроси пет пати пред таа да се согласи.