Новата кандидатка за претседателка на САД изненади со изјавата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ники Хејли, жената која се кандидира за претседател на САД најавува пресметка со Кина и Русија со зборовите „повеќе боли кога некого ќе шутнеш со штикли“, јавува Еурактив.

– Кина и Русија маршираат, и мислат дека можат да нè малтретираат и да нè клоцаат. Треба да знаете една работа за мене – јас не толерирам силеџии. И кога ќе им возвратиш на клоцањето, повеќе ќе боли ако ги шутнеш со штикла – рече таа во видеообраќање.

 

 

Поранешната амбасадорка на Обединетите нации претходно најави дека ќе се кандидира на американските избори пред републиканците, со што ќе стане првиот директен конкурент на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Ќерката на индиски мигранти во САД се нарекува себеси заштитничка на американските интереси во странство, а за време на нејзиниот мандат како амбасадорка на САД во Обединетите нации во 2017 и 2018 година, Американците се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор потпишан за време на администрацијата на Барак Обама, кој беше крајно непопуларен меѓу републиканците.

Share This Article