Новата еврокомесарка Кос вели дека ќе се фокусира на тоа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Обврската за Македонија за впишивање на Бугарите во Уставот останува, порача Марта Кос, која денеска е потврдена како иден еврокомесар за проширување од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

За случајот на Бугарија и Македонија за кој рече дека веќе има внесување на билатерален спор, таа посочи дека кога ќе има процес на преговори, постојат многу повеќе алатки како да и се помогне на земјата кандидат, но и на земјата-членка да се најде решение.

– Не постои друг начин и не можам да кажам датум, колку брзо или колку бавно ќе се развиваат работите, но  ние треба да го решиме спорот врз основа на нашите вредности. Значи, помагање на земјата-членка и помагање на земјата-кандидат ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин – додаде Кос, предлог за еврокомесар за проширување.

Кос во контекст на уставните измени на Македонија се повика на напишаното во најновиот Извештај на Комисијата за земјава.

Кос денеска во неколкучасовното сослушување од европратениците зборуваше и за билатерализацијата на процесот на проширување, со став дека билатераланите спорови меѓу земјите-членки и земјите-кандидати да бидат решени најбрзо што е можно за да не се блокира проширувањето и да не се поткопува довербата во процесот.

– Интересите на земјите-членки, секако, се на прво место, но сметам, и тоа ќе биде моја работа и на другите колеги да направиме се што можеме да не внесуваме билатерални прашања во процесот на проширување –  изјави Кос, истакнуавјќи пред европратениците дека проширувањето на Европската унија не е спринт, туку маратон.

Според неа, нови членки на Европската унија треба да стант само оние земји кои ги почитуваат вредностите на демократијата и владеењето на правото.

EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Share This Article