Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се прости од неодамна починатиот Ѓорѓе Михаиловиќ, чуварот на Зејтинлик во Солун.
Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил објави слика од дедо Дорѓ со емотикони на српското знаме, љубов и благодарност.
Принскрин / Инстаграм џокерноле
На овие гробишта по сопствена желба е погребан Ѓорѓе Михаиловиќ, долгогодишен верен чувар на српските воени гробишта Зејтинлик, во криптата каде што почиваат неговиот дедо и татко, кои исто така биле чувари на овие гробишта.
Дедо Ѓорѓе се грижеше за Зејтинлик повеќе од 60 години, но почина во неделата на 96-годишна возраст во Солун. Неговата најголема желба беше да добие српско државјанство, што го направи во 2020 година.