„Новак Ѓоковиќ се подготвува да го бојкотира Вимблдон“ – наслов на швајцарскиот весник „Блик“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Новак Ѓоковиќ се подготвува да го бојкотира Вимблдон“, гласи насловот на швајцарскиот весник „Блик“, во статија во која се наведува дека првиот светски ас „треба да размисли за своето учество на турнирот“ откако беа суспендирани руските и белоруските натпреварувачи поради војната во Украина. Според весникот, Ѓоковиќ бил советуван од својот прв тренер, Никола Пилиќ да не се појавува, пренесува Мондо.

– Другите тенисери треба да заземат јасна позиција и да кажат: „Ако не играат тие, не играме ни ние“. Би било интересно да се види како Вимблдон ќе реагира на тоа – изјави Пилиќ за „Блик“.

Откако ги пропушти Австралија опен и сите турнири во Америка бидејќи не беше вакциниран, ова би била шокантна и голема одлука за Новак, кој треба да ја одбрани титулата во Лондон. Не е познато што тој ќе одлучи, но сигурно е дека Ѓоковиќ не се согласува со исклучувањето на Русите и Белорусите од турнирот.

– Кога велам политика, да, неа ја има во спортот. Раководни тела и организации, структурите, тие се овде. Политиката е општ поим. Не е добро кога политиката на повисоко ниво се меша во нашиот спорт. Останувам на тоа што го кажав, нема потреба да се суспендираат спортистите, особено тенисерите. Не гледам како тие придонесуваат за нешто што се случува во војната. Во тенисот имаме правило дека нема дискриминација. Правилото е да се игра според пласманот, а не според националноста. Вимблдон го прекина ова правило. АТП и ПТПА излегоа со изјави и јас го поддржав тоа – изјави Новак.

Останува уште да видиме дали пишувањето „Блик“ е само претпоставка или Новак навистина размислува во таа насока …

Share This Article