Новак Ѓоковиќ се најде во неочекувана ситуација непосредно пред почетокот на мечот со Камерон Нури во Дејвис Купот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новак Ѓоковиќ се најде во неочекувана ситуација непосредно пред почетокот на мечот со Камерон Нури во Дејвис Купот. На час и половина пред почетокот на вториот дуел меѓу Србија и Велика Британија на Дејвис купот, српскиот тенисер е избран да оди на допинг контрола.

Ѓоковиќ по натпреварот упати критика за „неразбирливата организација“.
– Сè уште не сум направил целосна допинг контрола, следува проверка на крв. Еден човек седи во аголот, ме следи со часови. Имав дискусија, бидејќи тука за 20 и кусур години од мојата кариера, не ми се случило мене да ме одбере допинг контролата, и тоа само мене. Добив известување час и половина пред мечот. Имам своја рутина и не ми треба одвраќање. Да ми земе крв, да размислувам за тоа дали ќе можам да давам урина. Сосема нелогична одлука. Кога разговарав со претставникот на допинг агенцијата ми рекоа дека причината е тоа што ќе биде многу доцна по мечот и да се даде време на другата репрезентација да одмори, но тогаш им кажав дека победникот од вечерашниот дуел нема да игра утре – изјави Ѓоковиќ.

Револтот кај првиот светски рекет, како што рече, не е поради допинг контролата, туку поради лошиот тајмнинг.

– Отсекогаш сум поддржувал да се тестирам јас или било кој, но не пред меч. Што ќе промени тоа? Ќе бидам таму, кога ќе заврши мечот, тестирајте ме. Следува тест на крвта. Се надевам дека ќе ја променат одлуката – истакна Новак Ѓоковиќ.

Тој оваа одлука ја окарактеризира како „срамна“.

– Интересно е што оваа допинг агенција е приватна компанија. Треба да се поведе дискусија дека ние како светска организација во рамките на нашиот екосистем, така да се каже, треба да имаме своја агенција. Не знам што да додадам, веројатно три пати ќе се толкува сѐ што ќе кажам. Ова е нечуено. Ништо не се крие, но исто така постојат и некои граници. Тие не разбираат што се случува овде. Не го разбираат спортот, не разбираат каде се наоѓаат – револтиран е најдобриот светски тенисер.

Работата да биде уште полоша, несвесни за својата грешка, од антидопинг агенцијата сакале да го тестираат и тренерот на српската Дејвис куп репрезентација, Виктор Троицки.

-Дури и ме започнаа, но ме помешаа со Кечмановиќ. Тие ја работат својата работата, им рекол газдата. Нема шега – се пошегува Троицки.

Share This Article