More

    Новак Ѓоковиќ прв ѝ честиташе

    spot_img

    Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ го прослави својот 37 роденден, а фотографија од интимната прослава сподели на својот инстаграм-профил. Таа позираше со својот сопруг Бастијан Швајнштајгер во ресторан држејќи славеничка торта.

    „Ви благодарам за сите убави пораки и роденденски желби“, напиша тенисерката во описот на објавата, а во коментарите доби бројни честитки, меѓу кои и една од Новак Ѓоковиќ.

    „Среќен роденден Анчи“, напиша познатиот тенисер. На објавата искоментира и српскиот актер Никола Ѓуричко: „Посакувам да сте живи и здрави“.

    „Убава си“, „Од тебе зрачи љубов и радост“, „Никогаш не ја симнувајте таа прекрасна насмевка од лицето“, беа коментарите на нејзините следбеници и обожаватели.

    Инаку, Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се венчаа на 13 јули 2016 година во Венеција. Заедно имаат три деца, а најмладиот син им се роди во мај минатата година. Таа извесно време ја криеше својата бременост, а во февруари 2023 година потврди дека во нивното семејство доаѓа ново бебе.

    „Бастијан и јас наскоро ќе бидеме побројни“, напиша Ана покрај фотографијата на која позираше со својот сопруг.

    Бастијан ја заврши својата професионална кариера во 2019 година играјќи за Чикаго Фајр, додека таа играше тенис до крајот на 2016 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img