Новак Ѓоковиќ испишува нова страница во „белиот спорт“. Со освојувањето на титулата на УС Опен уште еднаш потврди дека е најдобар тенисер во историјата
Ѓоковиќ во финалето на УС Опен го совлада Медведев со 3:0 и со тоа го освои четвртиот пехар во Њујорк и вкупно 24.грен слем титула во кариерата.
Српскиот тенисер знаеше да го прослави овој огромен успех. Веднаш по завршувањето на мечот за титулата, се упати кон својата ложа на трибините на „Артур Еш“ арената, каде што го чекаа членовите на семејството, а особено емотивен беше честитката од неговата ќерка Тара.
Во моментот кога Тара му честиташе, Новак не можеше да ги задржи солзите, покажувајќи уште еднаш дека семејството е повредно од секој трофеј.