Братот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата сопруга Сашка Веселинов го очекуваат своето прво дете.
Среќната вест ја потврди инфлуенсерката на Инстаграм.
„За неполни три месеци во нашето семејство ќе пристигне засилувања, а од тој момент ќе ја имам најважната улога во мојот живот – ќе станам мајка. Долго време не сакав да зборувам за ова тема, избегнував јавни настани, иако од првиот ден сѐ беше во ред со бременоста.
Но, за среќата навистина треба да молчите. Сега кога веќе стана очигледно и не можам повеќе да го кријам стомакот, мило ми е што на овој начин можам и со вас да ја споделам најсреќната вест“, напишала таа.
Сашка и Ѓорѓе се во врска две години, а се венчаа минатото лето.