Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да ја пропушти Азиската турнеја и нема да се врати на теренот до крајот на октомври, за кога е закажан турнирот од Мастерс серијата во Париз.
Во меѓувреме, српскиот ас, кој годинава освои три Грен слем титули, а сега има вкупно 24, има време и за многу други активности.
Така, 36-годишната белграѓанка ќе биде главна ѕвезда на егзибицискиот Ол Стар меч во голф, кој во среда ќе се одржи во Рим.
На турнирот што му претходи на Рајдер купот, Ѓоковиќ со палка во рака ќе излезе на зелениот терен во друштво на великани од другите спортови. Покрај Новак во италијанската престолнина ќе бидат и поранешните фудбалски асови Андриј Шевченко и Герет Бејл, возачот на Формула 1 Карлос Саинц, Виктор Круз, поранешен американски фудбалер и победник на Суперболот, како и Леонардо Фиорованти, познат италијански сурфер.