More

    Новак Ѓоковиќ доби интересна награда на Олимпијадата

    spot_img

    Медалот не е единственото нешто што најдобрите олимпијци го добиваат на подиумот, туку постои и долгнавеста, златна кутија која исто така му припадна на Новак Ѓоковиќ.

    Откако Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз во финалето на олимпискиот турнир, тој го освои златниот медал на Олимписките игри. За награда доби национална премија од 200.000 евра, но и уште еден вреден подарок.

    Станува збор за тесна кутија од околу 40 сантиметри, а во неа е и официјалниот постер на Олимписките игри. Тоа не е постерот кој може да се купи во продавница во Париз, туку е направен само за освојувачите на медали. Познатиот илустратор Иго Гатони го креираше официјалниот постер на Игрите за кој му беа потребни околу 4 месеци и 2.000 часа, изјави тој за официјалната веб-страница на најголемиот спортски настан.

    Постерот го претставува „градот на фантазијата“, Париз, преполн со сите спортови кои ги сочинуваат Игрите, во форма на стадион, со глетка кон „градот на светлината“.

    Гатони го направи постерот рачно и рече дека со нетрпение чека да види „колку луѓе го ценат тоа“.

    Интересно е и тоа што овогодинешните олимписки медали имаат и посебен печат – вградено хексагонално парче железо, од 18 грама, од Ајфеловата кула.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img