Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделникот тренираше на Австралија опен, откако претходно го откажа. Ѓоковиќ претходно го пропушти неделниот тренинг поради проблем со грбот, но она што потенцијално загрижува е фактот дека неговата лева нога е во завој.
Тренингот на Новак првично беше закажан за 19 часот, па беше отстранет од распоредот, но малку подоцна на теренот се појави заедно со спаринг партнерот Карлос Гомеш.
Српскиот тенисер веќе подолго време има проблем со грбот, а откажувањето на тренингот само уште повеќе ја загрижи јавноста и навивачите пред почетокот на првиот Грен слем сезонава.
Натпреварот на Ѓоковиќ во Мелбурн започнува во вторник околу 11 часот по наше време, кога ривал ќе му биде Шпанецот Роберто Карбалес Баена.