Новак Ѓоковиќ, рекетот број еден во светот, го одработи првиот тренинг во Мелбурн, во пресрет на Австралија опен, кој започнува во недела на 14 јануари.
Првиот рекет на светот, кој рекордно 10 пати го освои Австралија Опен, на теренот Род Лејвер Арена помина околу 90 минути.
Според австралиските медиуми, сопственикот на 24 Грен слем трофеи не покажал знаци на повреда, иако го мачеше зглобот на десната рака во Перт на Купот на Јунајтед.
Тренингот го следеа неколку стотици гледачи, иако Ѓоковиќ првично побара тренингот да биде затворен за јавноста. Новак беше одлично расположен, а друштво на теренот му правеше Горан Иванишевиќ.