Педесет и четиригодишна жена од Велес побарала помош од полицијата откако била жртва на семејно насилство, објави денес МВР.
Немилиот настан се случил вчера.
По пријавата во 14.20 часот полициски службеници од СВР Велес го уапсиле Љ.С.(56) од Велес затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.