Дмитри Медведев, поранешниот претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, повторно се закани на својот официјален канал на Телеграм, а овој пат ја спомна и Третата светска војна.
Медведев наведува дека тесниот круг на луѓе околу владејачката партија во Украина е создаден од т.н. проектот за „безбедносни гаранции, кои всушност се пролог на третата светска војна“.
Да потсетиме дека во раните денови од војната, кога Русија бараше неутралност на Украина, Украина рече дека земјите кои ќе бидат „безбедносни гаранти“ треба да и пружат на Украина воена помош во форма на оружје и воведување на не- зона на летање.
„Се разбира, никој нема да им даде гаранции на украинските нацисти. Во основа, тоа е речиси исто како и примената на чл. 5 од Северноатлантскиот договор (Вашингтонски договор)“, наведува Медведев.
„Нашите заколнати пријатели – западните газди од различен калибар, кон кои е упатен овој хистеричен апел – мора конечно да разберат една едноставна работа. Тоа директно се однесува на хибридната војна на НАТО со Русија. Ако овие полуумови продолжат незадржливо да го снабдуваат режимот во Киев со најопасните видови оружје, тогаш порано или подоцна воената кампања ќе се префрли на друго ниво“, пишува близок сојузник на Путно.
Тој посочува дека во таков конфликт ќе исчезнат видливите граници. „Тогаш западните земји нема да можат да седат во своите чисти куќи и станови“, пишува Медведв, предвидувајќи дека „буквално ќе ја запалат земјата и ќе го стопат бетонот“.
Покрај тоа, тој цитираше редови од Откровението. Третина од луѓето умреле од чир, оган, чад и сулфур што излегувал од нивните усти“.