Според новата тужба, славниот рапер Шон Комбс, попознат како Паф Диди, е обвинет за групно силување и сексуална трговија на 17-годишна тинејџерка.
Против еден од најпознатите рапери и милионери за три недели беа поднесени четири тужби за сексуално злоставување, а тие следеа откако првата тужба беше решена со договор помеѓу неговата поранешна партнерка и Диди, пејачката Кеси.
Кеси го обвини за сексуално и физичко малтретирање, но не е познато со колку пари се решени несогласувањата помеѓу поранешните партнери.
Паф Диди ги негираше следните две тужби кои следеа преку својот ПР, а четвртата беше поднесена во Федералниот суд на Менхетен.
Според четвртата тужба, Паф Деди, неговиот пријател Харви Пјер и уште еден маж чиј идентитет не е објавен, дрогирале и силувале 17-годишна девојка во 2003 година.
Покрај тужбата, објавена е и фотографија од тинејџерката која му седи во скут. Раперот тогаш имал 34 години. Во тужбата се наведува дека 17-годишната девојка доживеала „огромно емоционално страдање и срам поради она што го доживеала и дека тоа ја мачело и го нарушувало нејзиниот емотивен живот цели 20 години“, пишува „Пејџ сикс“.