Нова тактика на крадец: Ако го видите ова надвор од вашата влезна врата, не допирајте го

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На криминалците никогаш не им недостасувале имагинација и идеи за да го добијат својот плен, а германската полиција предупредува дека сега има нова тактика.

Имено, полицијата ги предупреди жителите да внимаваат доколку видат зелена течност на земја пред нивната врата или на бравата, пренесува магазинот Феникс.

Станува збор за нов метод на кражба со кој провалниците полесно влегуваат во стан или куќа. Тоа е течност за демонтирање на бравите на вратите која може да биде опасна по здравјето на луѓето.

„Доколку видите течност, веднаш повикајте полиција. Според резултатите од првите тестови, станува збор за концентрирана азотна киселина, една од најсилните минерални киселини“, се вели во полициското соопштение.

Течноста, во зависност од материјалот на бравата, може да биде безбојна, жолта или кафена, но најчесто е зелена, предупредува полицијата во своето соопштение.

Досега само во Берлин полицијата евидентирала 31 кривично дело во кои провалници користеле опасна течност.

Share This Article