Ново видео од убиството на рускиот блогер Маским Фомин, познат како Владлен Татарски се појави на интернет. Во него се гледа како осомничената Дарја Трепова ја предава статуетката на која има војник со шлем на една од соработничките на Татарски. Во статуетката се смета дека имало 200 грама експлозив.
Блогерот ја повикува Дарја да седне до него, разгледувајќи ја статуата, но девојката седнува на едно столче на страна знаејќи за експлозијата.
Се појави и уште едно видео како Дарја излегува од кафулето во Санкт Петербург по настанот. Таа беше уапсена од руските власти кои сметаат дека зад случајот стои Киев или пак луѓе на опозицискиот лидер Навални.
Фомин беше постхумно одликуван од претседателот Владимир Путин и запишан како член на Вагнер.
Во експлозијата во кафулето загинаа 25 луѓе.