Нова поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“ беше промовриана денеска во просториите на УНДП во Скопје. Поштенската марка ја промовираа постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази. Марката е дело на Лоран Буфало од Пошта на Северна Македонија и е со мотив на старата железничка станица. Номиналната вредност 36 денари, а е испачатена во тираж од 6.000 примероци.
– Денес сме тука по повод комеморација на жртвите и 60-годишнината од земјотресот во Скопје. Тука сме сите заедно исто така да ги спомнеме жртвите, но и истрајноста на Македонија и Скопје по земјотресот. Шеесет години потоа УНДП се горди затоа што се уште ги координираат како што се домашните и меѓународните чинители во комеморација, но исто така и во координација и чествување – рече претставникот на УНДП Григоријан.
Тој отсети дека од почетокот на годината УНДП работи на различни настани и ги разгледува различните аспекти од земјотресот што разурна Скопје пред 60 години.
– Имавме конференција во мај која се одржа на високо ниво, меѓународна конференција на која го разгледувавме Скопје и визијата за Скопје после 100 години. Исто така, од овој поглед УНДП работи на неколку точки. Една од нив е развојот на Националната развојна стратегија. И секако после 100 години од земјотресот ќе има нови генерации кои ќе живеат и ќе го водат овој град – рече тој.