Русите контролираат 40 отсто од Бахмут после девет месеци тешки битки, велат новите мапи на познатиот Институт за проучување на војната ИСВ. И покрај тоа ИСВ анализираше дека Бахмут не е стратешки важен град за понатамошно напредување во Донбас, како што тоа се смета. Институтот предупреди дека Украина ризикува да изгуби многу сили во градот против борците од Вагнер, иако платеничката група ги исклучила своите елитни војници.
Од друга страна, НАТО тврди дека Русите изгубиле пет пати повеќе луѓе од Украинците во Бахмут. Ова за американски Си-Ен-Ен го изјавил претставник на Алијансата кој сакал да остане анонимен.
Вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски одлучи дека нема да има повлекување на украинските сили од градот и покрај советите на главниот воен командант, Валериј Залужни. Германски Билд напиша дека тој со недели го убедувал претседателот силите да се повлечат до градот за да можат да се сконцентрираат на поголемата офанзива оваа пролет, кога се очекува да стигне и повеќе оружје од Западот.