Граѓани на Македонија од синоќа повторно добиваат измамнички СМС пораки за наводна пратка од Македонски пошти. Повикувачките телефонски броеви откриваат дека пораките се испратени од Виетнам и од Индија.
Граѓаните се предупредуваат да не кликаат на дадените линкови и да не даваат лични податоци за да не станат жртви на измама.
Линкот вообичаено води до место каде што треба да ги оставите вашите лични податоци како име, презиме и број на трансакциската сметка од каде за момент измамниците ќе ви одземат пари.
При ваков случај препораката е да не го отворате линкот, веднаш да ја блокирате пораката и да го известите вашиот телеком оператор.
Од Македонски пошти досега неколку пати се огласија дека тие не се испраќачи на наведените пораки и апелираа до граѓаните да не ги отвораат пораките за да не наседнат на измамите.
Еве како изгледаат пораките пратени синоќа.