Нова естрадно-фудбалска романса во Србија! Немања Гудељ (30), фудбалер на шпанска Севиља и стандарден српски репрезентативец, „заплови“ во врска со Анастасија Ражнатовиќ, млада пејачка, ќерка на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ.
Анастасија е веќе кај Немања Гудељ во Шпанија, од каде што ги информира фановите на социјалните мрежи „како го поминува денот и каде е“.
Семејството на фудбалерот на самиот старт ја поддржал неговата романса со ќерката на Цеца Ражнатовиќ.
Младиот пар е во љубов само еден месец, а таа пред неколку дена отпатувала кај своето момче. На социјалните мрежи се појави фотографија на Анастасија со неговата сестра Вања, додека Ражнатовиќ и Немања претходно ги издадоа објавите на Инстаграм.
Љубовната приказна на овој млад пар започнала преку пријателите, а по неколку заеднички состаноци започнале љубовна врска.
Тој има потпишано договор со фудбалскиот клуб Севиља во 2019 година и оттогаш игра таму.