Добри вести за возачите бидејќи цените на горивото на бензинските пумпи во Хрватска продолжуваат да паѓаат.
Следната недела бензинот треба да поевтини за два центи, а дизелот за седум центи, дознава Danas.hr.
Иако конечната пресметка треба да заврши утре, новата цена на бензините треба да биде 1,44 евра за литар, а на дизелот 1,45 евра.
Четврти пат по ред дизелот поевтинува, а бензините поевтинуваат откако речиси еден месец, односно од 24 октомври ја имаат истата цена.