More

    Нов земјотрес во Турција со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала

    spot_img

    Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди провинцијата Нигде во централна Анадолија, соопшти во саботата Центарот за следење на земјотресот Кандили.Епицентарот на земјотресот бил во областа Бор, на околу 350 километри западно од опустошената област во Турција и Сирија.

    Претходно, од петокот вечерта во Турција беа регистрирани најмалку седум земјотреси со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, вклучително и во јужниот дел на земјата погодена од земјотресот, објави турската агенција за катастрофи АФАД.

    Градоначалникот на градот Нигде, Емрах Оздемир за државната телевизија ТРТ изјави дека сè уште нема извештаи за штета.

    И Сирија во саботата објави дека забележала 61 нов земјотрес во последните 24 часа. Два земјотреси се регистрирани и во северен Ирак, јавува ирачката државна новинска агенција ИНА.

    Првиот е снимен рано во саботата во северната ирачка провинција Ниневија, а вториот во Ербил, главниот град на автономниот регион на Ирачки Курдистан. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

    По големите земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари, се случија повеќе од 9.600 последователни потреси. Орхан Татар од АФАД изјави дека земјотресите би можеле да продолжат и во следните две години.

    Агенцијата во петокот објави дека бројот на загинати во Турција надмина 44.200 луѓе.

    Во соседна Сирија загинаа најмалку 5.900 луѓе, што значи дека вкупниот број на жртви од разорниот земјотрес во двете земји е над 50.000. Над половина милион луѓе беа евакуирани од погодената област во Турција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img