Нов земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната турска провинција Хатај

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нов земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната турска провинција Хатај.

Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Дефне на длабочина од 9,76 километри.

Гувернерот на Хатај Рахми Доган за Анадолија изјави дека надлежните служби се на терен.

– Нема извештаи за поголеми последици, освен уривање на неколку згради кои веќе беа значително оштетени поради претходните земјотреси. Според првите информации нема повредени лица, ниту има затрупани под урнатините – изјави Доган.

Share This Article