Врховниот суд на Нов Зеланд во понеделникот пресуди дека правото на глас на 18-годишна возраст ги дискриминира младите, што ја поттикна владата да размисли за намалување на старосната граница за гласање на 16 години.По одлуката на судот, премиерката Џасинда Ардерн претстави нацрт-закон што отвора можност за гласање на 16-годишниците, но предупреди дека промената ќе биде тешко да се спроведе и дека нема да може да се спроведе пред општите избори во 2023 година.
Во својата одлука, Врховниот суд се повика на националната Повелба за права, која го признава правото на донесување лични одлуки на возраст од 16 години.
Со пресудата се наложува процедура на задолжителна собраниска расправа и ревизија на прашањето, но таа не е обврзувачка.
„Јас лично го поддржувам намалувањето на старосната граница за гласање, но тоа не е прашање што ме засега мене, па дури и мојата влада. Секоја промена на изборниот закон од ваков карактер мора да биде одобрена од 75 отсто од пратениците. Затоа, ова прашање пред се го засега парламентот“, рече премиерот.
Ова прашање, кое го иницираше здружението за унапредување на правата „Направи го 16“, судовите го повлекуваат од 2020 година, но таква одлука може да донесе само парламентот.
Многу малку земји дозволуваат вакви млади луѓе да гласаат, а една од нив е Бразил.