Нов закон со „пакет за гето“ ја крена прашината во Данска. Предложените измени кои директно можат да расселат 11.000 мигранти дојдени во земјата некои ги нарекао „етничко-расна селекција“. Што планира Данска?
Законот предвидува да се намали бројот на социјални станови до 2030 година. Но, тоа нема да важи во сите населби, туку само овие населби кајшто половина од жителите се од незападно потекло, имаат ниски просечни примања, голем број невработени лица и натпросечна стапка на криминал.
Со други зборови, местата кајшто мигрантите се мнозинство. Овие локации во текстот на законот буквално се нарачени – „гета“. Дали е ова орвеловска политика на векот, политика со булдожер, како што ја оценуваат данските весници?
Данските власти оцениле дека ваквите „гета“ создаваат „паралелни општества“. А зборот „гета“ во текстот на законот бил сменет со „паралелни општества“, пишува Дејли Мејл.
– Општеството на благосостојба во основа е заедница заснована на заемна доверба во која сите придонесуваме. И сето тоа е е под сериозен удар од паралелните општества – рече данската премиерка Мете Фредериксен на состанокот на општините.
Резултатот ќе биде следен. Илјадници мигранти ќе мора да ги напуштат своите домови во наредните години како резултат на овој „гето-пакет“. Планот е да се инвестираат милијарди дански круни во уривање на јавните станови, подготовка на станови за продажба на приватни лица и претворање на семејните социјални станови во поатрактивни објекти за младите или постарите лица.
На удар се 11.000 мигранти од 15 „гета“. Дополнително, треба да се најде привремено сместување за повеќе од 5.500 луѓе додека не се реновираат нивните домови.
„Дали оваа данска акција, откако ќе се разработи целата политичка економија, ќе го зголеми или намали бројот на дозволени мигранти во земјата?“, праша угледниот дански економист Тајлер Кауен во познатиот блог „Marginal Revolution“.
Во основа, Данска почнува истовремено да очекува целосна вредносно-културна интеграција од имигрантите, додека истовремено им негира некои од основните права загарантирани на сите други граѓани.