More

    Нов вид орхидеи што личи на стакло откриен во Јапонија

    spot_img

    Јапонските научници открија нов вид орхидеи, чии нежни розови и бели цветови наликуваат на стакло.

    И покрај неговото присуство во парковите и градините низ Јапонија, на истражувачите од Универзитетот Коби им беа потребни десет години да потврдат дека растението (spiranthes hachijoensis), понекогаш наречено „женска плетенка“ поради сличноста со прамени коса, е претходно непознат вид.

    „Беше изненадување да се открие нов вид орхидеи, што е толку вообичаено што може да се види во парковите, градините и меѓу саксиите“, вели истражувачот Кенџи Суетсугу.

    Според него, растението има нежни цветови кои наликуваат на стаклени предмети и одамна е ценет цвет.

    Растението со своите спирални цветови се споменува дури и во најстарата јапонска антологија на песни „Манџошу“, која датира од осмиот век.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img