More

    Нов вид на коронавирус е потврден во Словенија, па затоа превентивно се враќаат маските

    spot_img

    Нов вид на коронавирус е потврден во Словенија, па затоа превентивно се враќаат маските, а медиумите пренесуваат дека вирусот забрзано се шири.

    Најновите податоци од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна на Словенија, објавени на нивната веб-страница, покажуваат дека меѓу примероците позитивни на коронавирус секвенционирани помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле еден случај на најновата омикронска подваријанта XBB. 1.16., познат како „арктурус“.

    Новата подваријанта носи и нови симптоми како што се чешање, конјунктивитис и висока температура, но досега не се забележани сериозни компликации.

    Моментално во Словенија доминира варијантата XBB.1.5. Од нив 77 се секвенционирани во наведениот период, пишува „N1info.si“.

    СЗО предупреди на нова подваријанта

    Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за оваа варијанта на коронавирусот. Експертите велат дека има повисока стапка на преносливост од претходните видови, но се чини дека не е поопасна.

    СЗО го вклучи во листата на варијанти под надзор од 22 март. Метју Биникер, директор на лабораторијата за клиничка вирусологија на клиниката Мајо, рече дека сојот омикрон предизвикува зголемен број случаи во одредени делови на светот, вклучително и Индија.

    Нагло зголемување поради споменатата подваријанта е забележано и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и Јапонија. Пронајден е и во Данска, Германија, Шпанија, Холандија, Шведска и Италија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img