За да се обезбеди задоволство на клиентите, виетнамскиот производител на автомобили VinFast нуди парични стимулации за сопствениците кои имаат проблеми со возилото.
Тоа е релативно млада компанија за електрични автомобили која брзо ја проширува својата мрежа и неодамна воведе програма за компензација за клиентите во САД и Канада, пренесува CarBuzz.
Според новата уредба, корисниците ќе бидат обесштетени врз основа на видот на проблемот со кој се соочиле. Малите непријатности на новиот модел VF 8, единствениот моментално понуден во САД, ќе бидат наградени со 100 долари, додека проблемите што го оневозможуваат возењето на автомобилот ќе резултираат со компензација од 300 долари. Дополнително, ако поправките траат повеќе од три дена, сопствениците ќе добијат 100 долари за секој дополнителен ден кога нивниот автомобил ќе остане во сервис.
Програмата за компензација на VinFast започна на 15 јуни во САД и Канада и ќе продолжи на неодредено време. Клиентите можат да добијат компензација за повеќе проблеми одеднаш, а компанијата ќе ги процени проблемите при дијагностика на возилото. Деталите за другите маркети се уште се чекаат, а не е прецизирано дали клиентите ќе добијат ваучери за услуги или ќе им бидат исплатени во готово.
Винфаст
Со цена од 46.000 долари, VF 8 е кросовер со средна големина сличен на Tesla Model Y. Има основна варијанта со два мотори од 349 коњски сили и проценет домет од 420 километри со неговата батерија од 87,7 kWh. Да додадеме и дека ова виетнамско електрично возило доаѓа со гаранција од 10 години.Дали оваа програма VinFast ќе се прошири и на други пазари и дали ќе биде прифатена од другите производители за да привлечат клиенти, останува да видиме.