Денеска Шпанија е зафатена од уште еден силен топол бран во последниот неполн месец, при што температурата го достигнува вообичаеното за јули и август, а Франција се подготвува за слични временски услови.
Температурата надмина 40 степени Целзиусови во повеќето делови на Шпанија, што е значително над нормалната температура за овој дел од годината.
Официјалните лица ги советуваа луѓето да пијат многу течности и да останат колку што е можно затворени или на студени, пренесе АФП.
„Овој ран, рекорден топлотен бран доаѓа откако првиот беше регистриран пред помалку од еден месец, што е крајно загрижувачки“, рече министерката за еколошка транзиција Тереза Рибера.
Во Кордоба на југот од земјата се очекуваат 43 степени Целзиусови, на запад во Бадахоз 41 степен и во Толедо во централна Шпанија 40 степени, соопшти метеоролошката служба АЕМЕТ.
Во јужниот град Монторе во понеделникот беа измерени рекордни 42,9 степени.