More

    Нов тест на крвта може да го предвиди враќањето на ракот на дојката дури и пред да се појават симптомите

    spot_img

    Се покажа дека тестот е 100 проценти точен во предвидувањето на кое лице ќе му се врати ракот.

    Истражувачите од Институтот за истражување на ракот (ICR) во Лондон тврдат дека новиот тест на крвта може да предвиди дали ракот на дојката ќе се врати.

    Се вели дека новиот ултра чувствителен тест на крвта предвидува дали ракот на дојката ќе се врати неколку години пред болеста да се појави на снимките.

    Поточно, се покажа дека тестот е 100 проценти точен во предвидувањето на кои пациенти ќе им се врати ракот.

    Самото истражување во ОК се уште е во рана фаза, но експертите го нарекоа „неверојатно возбудливо“.

    Ракот на дојка е најчеста форма на болеста во светот според хуманитарната организација Breast Cancer UK, но постои надеж дека тестот ќе ги подобри стапките на преживување.

    Тим истражувачи од Институтот за истражување на ракот (ICR) во Лондон спроведе студија на 78 пациенти со различни видови на ран карцином на дојка.

    Тестот на крвта открил рак 15 месеци пред да се појават симптомите или болеста да се појави за време на скенирањето, покажуваат резултатите презентирани на конференцијата на Американското здружение за клиничка онкологија во Чикаго.

    Најраниот рак бил откриен 41 месец пред скенирањето да ја потврди дијагнозата, пренесува Klix.ba.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img