Нов случај на врсничко насилство во Скопје. Три девојчиња истепале девојче во Аеродром. Мајката на жртвата го пријавила нападот во полиција.
„На 12.12.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.П. од Скопје пријавила дека на 11.12.2024 околу 14.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички“, соопшти скопската полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.