По ремито меѓу Фиорентина и Аталанта (1:1) во 30. коло од Серија А во Фиренца, на стадионот „Артемио Франки“ 65-годишниот тренер на Аталанта Џанпјеро Гасперини предизвика инцидент, втор за помалку од два месеци.
Тренерот на Аталанта на крајот од натпреварот прво се скара со фановите, а потоа физички го нападна спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде.
– „Расистичка публика!“ и „Вие сте крадци“ им викаше Гасперини на навивачите и управата на Фиорентина. И тоа не беше сѐ. Тој го плукна и удри спортскиот директор на Фиорентина – тврди новинарот на „Република“, Матео Довелини, кој вели дека сето тоа го видел со свои очи.
По ова реми, Аталанта е шестопласирана на табелата со 49 бода и е сѐ подалеку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.
Претходно, на 27 февруари Гасперини фрли сендвич од својот автомобил кон навивачите на Милан, по поразот од неговиот тим на гости со 2:0.