Нов скандал го тресе Јавното Обвинителство на РСМ, повторно како и во многу други наврати наназад, главен актер една иста личност, Војо Димоски, Јавен Обвинител од ОЈО Охрид.
Повторно се појавуваа снимени материјали на Јутјуб , кој највероватно се снимани при посетата на обвинители од Вишто Јавно Обвинителство од Битола на Јавното обвинителство во Охрид. Кој снимал во канцаларијата на обвинителот Воислав Димовски во Охрид, кога се присутни само тој и вишата јавна обвинителка, не е тешко да се претпостави!!
ЕРЕТИК ОБВИНИТЕЛ ИЛИ ЦРКОВЕН КЛИСАР, ДЕЖУРЕН КОЛУМНИСТ НА ФЕЈСБУК?!
По појавувајнето на првата видео-аудио снимка, во која снимка охридскиот обвинител Војо Димоски преку адвокат барал мито за да донесе јавно обвинителска одлука во корист на лице сторител на казнено кривично дело, освен штуриот демант од страна на обвинителот Војо Димоски, во кој се повикуваше на Библија, вера и слични глупости, охридското обвинителство не отвори предмет ниту против Војо Димоски, а ниту против адвокатот Алексиевски кој беше класично фатен како бара 1000 евра за јавниот обвинител Војо Димоски?!
Од самото експресно назначување на Војо Димоски за Јавен Обвнител во ОЈО Охрид, па се до денес, неговото работење го следат низа од скандали.
Намерно заостанати предмети со ниту едно преземено јавно обвинителско дејствие во предмети каде имаме тешка повреда на Кривичниот законик. Безброј поднесоци до Вишо јавно обвинителство во Битола и Совет на јавни обвинители на РСМ против Воислав Димоски, резултираат со експресни боледувања од по повеќе месеци на обвинителот Воислав Димоски и повтроно непостапување по предмети. До сега има дузина на оштетени граѓани од непостапувањето и злоупотребата на службената положба и овластување од страна на ЈО Воислав Димоски.
ОД ЕДНА СТРАНА ПОСТЕЛ, ОД ДРУГА СТРАНА РАБОТНОТО ВРЕМЕ ГО МИНУВА ПО РЕСТОРАНИ НА МОРСКА ХРАНА?!
Воопшто не е честа сликата, кога граѓаните добиваат покани да се јават на распит во ОЈО Охрид кај ЈО Воислав Димоски. Но пречеста е сликата кога истите тие граѓани при јавувањето во ОЈО Охрид на распит кај ЈО Воислав Димоски, од страна на службениците во ОЈО Охрид бидуваат известени, дека ЈО Воислав Димоски, морал да излезе од работното место, доколку сакаат може да го почекаат, ама не знаеле дали воопшто истиот ќе се врати во ЈО? Додека граѓаните чекаат пред канцаларијата на ЈО Воислав Димоски, тој со мала свита на бизнисмени, сторители на казниви дела, ужива во елитните охридски ресторани на „Велигденски пост“ со скапа морска храна и, секако тоа е секојдневие во неговата работа, додека предметите каде граѓаните се дебело оштетени со милионски суми, поради неговото непостапување повеќе од три години предметите им застаруваат!
Додека неверникот Воислав Димоски не постапува по предметите, за кој патем должен е да постапува за што и прима личен доход од ЈО, Димоски секојдневно е редовен колумнист на социјалната мрежа фејсбук, кој за него бил слободен простор за изразување?! Од една страна нејасно е како Воислав Димоски го користи работното време за слободниот простор да пишува колумни, а не го користи да сослушува странки и да носи јавно обвинителски одлуки?!
Крајно доста е од вакви заштитени државни криминалци, кој застаруваат предмети, ослободуваат убици, а глумат црковни испосници -Клисари?
Сашо Денесовски?