Нов претседател на ФФМ ќе се избира на 22 декември

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Муамед Сејдини вечерва поднесе оставка на функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Управниот одбор на „Куќата на фудбалот“ закажа Вонредно изборно собрание на 22 декември годинава.

Сејдини ја достави оставката до Управниот одбор и истата веднаш беше усвоена. Се потврдија шпекулациите дека ќе има смена на врвот во Фудбалската федерација, а Сејдини заминува по речиси шест години на чело на македонскиот фудбал.

Тој од 2014 до 2018 беше потпретседател, а потоа кратко беше в.д. прв човек на ФФМ по заминувањето на Илчо Ѓорѓиоски. Потоа во 2019 година на Изборното собрание беше избран за претседател.

Во продолжение во целост изјавата на Сејдини за интернет страницата на ФФМ.

„После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал.

Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА.

Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот.

Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22. декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник.

- Advertisement -
Ad image

Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години.

Со почит и благодарност, Муамед Сејдини“.

Сејдини, веднаш по триумфот над Фарските острови, попладнево и на македонските репрезентативци на арената „Тодор Проески“ им ја соопшти веста дека се повлекува од претседателската функција на ФФМ.

- Advertisement -
Ad image

Управниот одбор закажа Вонредно изборно собрани за претседател на Фудбалската федерација на 22 декември годинава.

Share This Article