Нов, посмртоносен вирус во Африка, или „мајмунска работа“ за собирање пари?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека размислува за свикување на комитет на експерти кој би утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (мпокс) во неколку африкански земји треба да се квалификува како меѓународна вонредна состојба.

Тедрос рече дека СЗО и aфриканските центри за контрола и превенција на болести ги зголемуваат напорите за прекин на преносот на вирусот.

„Потребни се повеќе финансиски средства и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитет за итни случаи за меѓународни здравствени регулативи за да ме советува дали епидемијата на мајмунски сипаници треба да биде прогласена за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење“, напиша Тедрос на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Таквата квалификација е највисока алармантна состојба која СЗО може да ја подигне, а шефот на СЗО може да ја покрене врз основа на советите на комитетот.

СЗО на 11 јули предупреди на глобална здравствена закана по луѓето од мајмунски сипаници, изразувајќи загриженост поради избивање на нов, посмртоносен сој на вирусот во Демократската Република Конго.

Од тогаш, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Руанда и Уганда пријавија неколку случаи на т.н. мајмунски сипаници.

Конго пријави повеќе од 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи.

Вирусот е првпат откриен кај луѓе во 1970 година во сегашната Демократска Република Конго.

Мајмунски сипаници се вирусна болест преизвикана од истоимен вирус, а која е регистрирана во повеќе земји од Централна, Западна Африка, Европа, Америка и Канада.

Извор на заразата е заболено животно или човек. Симптомите се слични како и за другите сипаници: температура, трески, главоболка, мускулни болки, болка во грбот, отечени лимфни јазли, замор, исип. Периодот на инкубација е од 5 до 21 ден зависно од патот на пренесување и изложување на болеста.

Компликациите можат да бидат секундарни инфекции, бронхопневмнија, енцефалитис, инфекција на рожницата на окото со губење на видот и сепса.

Пред две години Светската здравствена организација го прогласи ширењето на мајмунски сипаници за глобална итна здравствена ситуација, што е највисок степен на тревога. Ова следуваше откако беа регистрирани повеќе од 16.000 случаи во 75 држави.

Прво идентификувана кај мајмуни во 1950-ите, оваа болест е карактеристична за зафрлени делови на централна и западна Африка и затоа ова ширење, од кои она во Европа беше најголемо дотогаш, ги збуни и изненади научниците.

Болеста во 2022 година се појави и низ Европа, а случаи на заразени лица тогаш  пријавиле Германија, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Швајцарија и Израел, како и во регионот, во Хрватска, Србија, Словенија и во Грција.

Европската агенција за лекови (ЕМА) тогаш препорача вакцината против големи сипаници да се применува во превенција од мајмунски сипаници.

Share This Article