Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати.
– Предусловите се исполнети – изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.
Вчера, РКЕ ја намали цената на Еуросупер БС-95 за 2,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 2 денари. Цената на дизелот и на мазутот остана непроменета.
Според последните цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 98,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 101 денар. Цената на дизел горивото е 100 денари за литар. Непромента останува и цената на мазутот – 50,044 денари за килограм.