Нов хорор во Германија –  ѝ гаселе цигара од лицето, ѝ ја палеле косата!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На Шлезвиг-Холштајн Хит во областа Дитмаршен (Германија), група девојчиња на возраст од 14 до 17-години, со часови мачеле 13-годишно девојче – и сето тоа го снимиле. Насилните девочиња ѝ истуриле кока-кола врз главата, ѝ гаселе цигари на лицето, ѝ ја запалиле косата, а додека девојката се обидувала да стане, еден од напаѓачите почнал да вика: Седни и моли ми се. Нема да те пуштам така лесно!“ Девојчето плачело и ги молело девојките да не ја удираат по нос, но тие не престанувале, објави весникот Шлезинг-холштајнише цајтунг.

Оваа страшна тортура се случила на крајот на февруари, но мајката на девојчето решила да проговори дури сега за да ја предупреди јавноста за сè поголемиот проблем со насилството што се јавува кај младите.

Полицијата ги идентификувала напаѓачите. Мајката на девојчето рекла дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случаен минувач.

– Тој ја препозна опасноста во која е ќерка ми. Многу сме му благодарни – рекла мајката.

Напаѓачите побегнале кога ја виделе полициската патрола. Сепак, сите тие се идентификувани.

Пред една дела германската и светската јавност ја потресе веста за смртта на 12-годишната Луиза од Фројденберг, Германија, чие тело беше пронајдено во близина на железнички тунел. Истрагата покажа дека убиството го извршиле две други девојчиња на возраст од 12 и 13 години, поради кавга на социјалната мрежа Тик-ток.

Share This Article