Израелската армија објави дека ја проширила копнената операција во северниот дел на Појасот Газа, до градот Беит Лахија.
Операцијата во Беит Лахија започна вчера, откако израелската армија тврдеше дека има разузнавачки информации и докази на терен за членовите на Хамас кои дејствуваат таму, објави Израел нешнал њуз.
Се проценува дека во Беит Лахија живеат околу 3.000 Палестинци.
Израелската армија тврди дека им дозволила на цивилите безбедно да се евакуираат од градот додека нејзините трупи дејствуваат против Хамас.
Снимките од социјалните мрежи се полни со ужасни сцени бидејќи Беит Лахија беше деноноќно бомбардиран минатата недела. Десетици Палестинци беа убиени во само еден напад, меѓу кои и над 20 деца.
Најчеста оценка за тој напад беше „масакр“.
Во одвоено соопштение, израелската армија наведе дека во Џабалија, на северот на Газа, ликвидирала, како што се наведува, околу 50 терористички оперативци во изминатиот ден.